ПОЧНА ЗАБРАНАТА ЗА ЕМИТУВАЊЕ НА МАКЕДОНСКАТА МУЗИКА

Сподели

12029083_10201099735853615_643925035_n

Од утринава на радиостаниците веќе нема ни македонска, ни српска музика.

Забраната за емитување српска музика почна од ноќеска на полноќ, а од пред десет дена е забрането емитување македонска музика.

Македонските телевизии и радио станици од утринава, покрај светските хитови, од регионот пуштаат хрватска, бугарска, бошњачка, албанска, грчка или друга музика.

Исклучок од забраната на Здружението за заштита на авторските и музички права (ЗАМП) и на Организацијата на српските музички автори СОКОЈ, како што велат од Здружението на приватни медиуми на Македонија (ЗПММ), ќе бидат музичките емисии од Србија, за кои македонските телевизии ги имаат откупено правата, а такви се „Ѕвездите на Гранд“ и „Пинкови ѕвезди“.

Фолк фест Валандово нема да се одржи викендов како што беше планирано поради, како што е соопштено, забраната на ЗАМП за емитување на песни од автори кои се членови на здружението.

Организаторите на фолк фестивалот одлучија да го одложат на неодредено 32. издание доколку тој не биде емитуван на МТВ.

Општината и Домот на културата кои се организатори на фестивалот, апелираат до авторите чии песни се избрани за ова издание на Фолк фест, да направат отстапка и ЗАМП да ја повлече одлуката за забрана за емитување, само за фестивалските денови .

Забрана за емитување на авторски музички дела по пат радиодифузно емитување од репортоарот на ЗАМП стапи во сила на 20 септември.