Почнува 21. издание на Скопје филм фестивал

Сподели

 

Скопје филм фестивал, 19 -26.април00

Денеска започнува 21. издание на Скопје филм фестивал со филмот “Година на мајмунот”, во кино Милениум. Овој фестивал  ќе донесе  богата програма и содржини во чии рамки ќе понуди повеќе од 50 филмови, работилници, гостувања на нови европски филмски имиња.

Програмите на 21. издание на Скопје филм фестивал, од 19 до 26 април ќе се одржуваат во кино „Милениум“, Кинотека на Македонија и кино „Фросина“.

Година на мајмунот

Macedonia/Serbia /Slovenia/Kosovo, 2018, 109 min.
Режија/Director: Vladimir Blaževski
Улоги/Cast: Igor Angelov, Marija Kohn, Reshit Bereda, Faik Mefailovski, Cun Lajchi, Refet
Abazi, Tanja Kocovska, Aleksandar Kamnarovski, Peter Elliot
Сценарио/Screenplay: Vladimir Blaževski
Кинематографија/Cinematography: Dimo Popov
Продуценти/Producers: Darko Popov, Vladimir Blaževski
Продукција/Production: Punk Film

Двата главни протагонисти на оваа црна комедија се Цобе, сиромашен чувар во Зоолошката градина во Скопје и шимпанзото Коко, жител на истата градина. Едноставната приказна се плетка околу бегањето на Коко „од ропство во слобода“. Цобе, поради општата економска криза и беда, добива отказ на своето работно место и ветување дека ќе го вратат на работа доколку успее да го пронајде и донесе назад одметникот.

Во измачената и со транзиција девастирана земја, се крева голема медиумска врева околу избеганото шимпанзо. Коко станува симбол на отпорот и слободарски стремежи, некој што успеал да излезе од магичниот круг на општата ентропија. Така, спасувачката мисија на Цобе за фаќање на шимпанзото ќе стане и предавничка.

Апсурдно комичните перипетии од ловот по избеганото шимпанзо ги следиме делумно и од визурата на самиот Коко. Тој е некој вид огледало и нем сведок на тажно-смешниот свет, кој си го загубил компасот; и ненамерна причина на тоа трагикомично соочување на народот со сопствените стравови и фрустрации. Коко станува знаме на побуната, на непослушноста и на сето она што обичниот човек во една сиромашна земја не може да биде.

Филмовите се распоредени во седум програми: Програма на авторски филм, Панорама на светски филм, Македонска продукција, Фокус на француски филм, Програма на Европски филм, Ретроспектива на Хичкок, а од ова година со гордост ја најавуваме новата фестивалска програма Квир фокус.

Целата програма на Скопје филм фестивал можете да ја проследите на следниот линк.