Почнува фестивалот „Актерот на Европа 2023“ во Ресен

Сподели

 

Со доделување на наградата „Актер на Европа“, која годинава ѝ припадна на унгарската актерка и театарска режисерка Енико Есењи, вечер во „Сарајот“ во Ресен почнува 21. издание на истоимениот интернационален фестивал.

Според програмата, до 11 јули во Ресен ќе настапат: аматерската група „Самоилци“ со претставата „Бунда“, Академијата „Балканика Еуропеана“ со проектот „Среќата е нова идеја во Европа“, актери од Германија кои ќе се претстават со проектот „Разоткривање на минатото – комуникација во и за холокаустот“, актерот Слободан Маруновиќ од Црна Гора со изведба на монодрамата „Последниот час на Његош“, а со театарски проекти ќе се претстават и уметници од Хрватска, Швајцарија и од Србија.