Над два милиони муслимански верници денеска го започнуваат годишниот аџилак во Мека, Саудиска Арабија.
Локалните власти порачаа дека нема да толерираат политизирање на настанот, алудирајќи на напнатостите што периодов ескалираат во Персискиот залив.
За овогодишниот аџилак за учество се имаат пријавено околу 2,5 милиони верници од целиот свет. Ријад распоредил во реонот на светиот град Мека над 30.000 медицински работници од кои околу 8.000 се жени.
Властите во Саудиска Арабија објавија крај на подготовките за аџилак што оваа година почнува на 9 август и завршува на 14 август.