Министерот за здравство, Азир Алиу, денес ќе го означи почетокот на изградба на „Меморијален парк за жртвите од пожарот во модуларната болница – Тетово“, во знак на трајно сеќавање и почит кон загинатите во овој трагичен настан.
Изјави за медиуми ќе дадат градоначалникот на општина Тетово, Биљал Касами, министерот за здравство, Азир Алиу и вицепремиерот за политики и добро владеење, Арбен Фетаи.
За потсетување, пожарот во модуларната болница во Тетово се случи на 8 септември 2021 година и во него животот го загубија 14 лица, а десетина беа повредени.
