Во Спортскиот центар „Јане Сандански“ денеска започнува силниот меѓународе кошаркарски турнир „Трофеј Македонија 2016“ во организација на МКФ.
На турнирот покрај Македонија ќе настапат и селекциите на Црна Гора, Босна и Херцеговина и Белгија.
Македонија, се подготвува за учество во квалификациите за пласман на Евробаскетот 2017 каде ќе дебитира натурализираниот Македонец, Ромео Тревис, додека селекторот Драган Раца ќе се престави пред домашната публика.
Поради повреда на скочниот зглоб на левата нога натпреварите на „Трофејот Македонија“ ќе ги пропушти највисокиот македонски кошаркар, 226 сантиметри високиот центар Марко Дујковиќ.
И останатите три репрезентации исто така со најдобрите кошаркари во тимот пристигнаа во Скопје.
Тоа значи дека натпреварите на „Трофејот Македонија“ ќе бидат квалитетни и македонската публика ќе може да види многу кошаркари кои настапуваат во силни европски првенства.
На паркетот во „Јане Сандански“ ќе продефилираат и кошаркари од НБА лигата, Босанците Телетовиќ и Нуркиќ и Црногорецот Вучевиќ.
Првиот дуел на македонските кошаркари е вечерва од 19 часот против Црна Гора предводена од легендарниот стратег Богдан Тањевиќ.
Турнирот стартува во 16:30 часот со првиот дуел помеѓу Босна и Белгија, a картите за се веќе пуштени во продажба по цена од 150 денари.
The post Почнува кошаркарскиот турнир Трофеј Македонија 2016 appeared first on Спорти.
Source: Sporty