Претседателот на Собранието, Талат Џафери го испратил дописот до Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања, дека пратеникот Никола Груевски шест месеци неоправдано бил отсутен од работата на законодавниот дом, соопшти собраниската прес-служба.
Претседателот на Комисијата Павле Богоевски сега треба да ја закаже седницата на која ќе се расправа по прашањето.
Ако комисијата препорача одземање на мандатот, на пленарна седница ќе биде потребно двотретинско мнозинство за да му се одземе мандатот на Груевски.
Според Деловникот, Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања од денот на добивање на известувањето од собранискиот спикер, има рок од 15 дена да поднесе предлог за одземање на мандатот.