Подигнати 130 тони комунален отпад од домаќинствата во Шуто Оризари

Сподели

ЈП Комунална хигиена-Скопје ги информира жителите на Градот Скопје дека на територијата на скопската општина Шуто Оризари комуналниот отпад континуирано се собира и транспортира без никаков застој, односно во согласност со динамиката утврдена со Оперативниот план за одржување на јавната чистота на подрачјето на Градот Скопје и Оперативната програма за собирање и транспортирање на комуналниот отпад од подрачјето на градот Скопје, усвоени од страна на Советот на Градот Скопје.

Само во периодот 27 мај –1јуни 2024 година, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје подигнаа и
транспортираа вкупно 130 тони комунален отпад од домаќинствата во општината Шуто Оризари.