Поднесени обвиненија за нападот во Ница

Сподели

_90393951_dd52e5e4-de79-44b2-aedd-0758dc2a615fПариското обвинителство соопшти дека поднело обвиненија против пет лица кои се наоѓаат во притвор поради сомнеж за вмешаност во нападот во Ница.

 

За соучество во убиствата кои ги изведе група со терористички врски се обвинети само три лица, додека двајца се обвинети за кршење на законот за оружје во врска со припадност на терористичка група.

Државното обвинителство, кое ја надгледува антитерористичката истрага, соопшти дека во моментов во притвор се наоѓаат пет лица кои се осомничени дека му помагале на 31-годишниот напаѓач Мохамед Булел да го изврши нападот.

Парискиот државен обвинител, Франсоа Молен, навел дека четворицата мажи и едната жена биле вклучени во подготовките за нападот, кој бил планиран повеќе месеци.

Булел со камион на шеталиштето во Ница прегази и уби 84 лица, а повреди стотина. Нападот беше извршен на 14 јули, национален празник во Франција, Ден на падот на Бастиља.

Извор:http://meta.mk/podneseni-obvinenija-za-napadot-vo-nitsa/