Бензините Еуросупер БС 98 и Еуросупер БС 95 се намалуваат за 1, односно за 0,5 денари за литар, а дизел горивото се намалува за 1,5 денари, соопштија во Регулаторната комисија за енергетика.
Малопродажната цена на Еуросупер БС 95 изнесува 73,5 за литар, а малопродажната цена на Еуросупер БС 98 изнесува 75,5 денари за литар. Литар дизел гориво чини 67 денари. Малопродажната цена на екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 66 денари, а цената на мазутот М-1 НС, се намалува за 0,9 денари за килограм и изнесува 41,3 денари.