Поголеми даноци за Британците како последица од Брексит

Сподели

dzordz-ozborn-05072015-foto-reuters-1436863228-700461

Британскиот министер за финансии Џорџ Озборн изјави денеска дека, Велика Британија ќе мора да ги зголеми даноците и да ја намали јавната потрошувачка за да одговори на новите економски предизвици откако граѓаните донесоа одлука за напуштање на ЕУ.

Тој изјави дека на Велика Британија после Брексит нема да и „цветаат рози“ надвор од ЕУ и дека е клучно да се обезбеди финансиска стабилност на земјата и да им се покаже на земјата и светот дека британската влада може да живее во границите на своите можности.

Пазарот, како што наведе, ќе се движи горе-долу, а Велика Британија ќе биде во период на пролонгирано економско прилагодување.