Најмалку 11 лица загинаа во изминатите неколку дена како последица на екстремните временски услови во САД. Поларниот студ го зафати поголемиот дел на САД каде се забележани рекордно ниски температури.
Идадено е посебно предупредување за источното крајбрежје на кое му се заканува снежна бура со ветрови со јачина на ураган.
Експертите предупредуваат на можен прекин на електричната енергија, поплави и снег 1,5 метри.
Властите објавија дека од вторникот утрината 11 лица загина како последица на екстремен студ.
Во Висконсин загинале 5 лица, по едно лице починало во Северна Дакота и Мисури, а четири лица го загубија животот во Тексас.