Попладне ќе има локален дожд

Сподели

 

Променливо облачно, претпладне со појава на магла или ниска облачност по котлините. Попладне во крајните западни делови ќе има локален дожд. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер.

Температурата ќе се движи од -4 до 17 степени.

 

 

Во Скопје променливо облачно и магливо со слаб ветер од југоисточен правец.

Од утре попладне времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. По одделни котлини ќе има појава на магла и ниска облачност.