Гостивар вчера го зафати силно невреме, пришто поплавени беа куќи и улици, а на места имаше и одрони.

Сите улици и куќи што беа поплавени во Гостивар се исчистени, a последиците од дождот санирани.
Центарот за управување со кризи објави дека екипите на Комуналец и противпожарната бригада во Гостивар синоќа биле повлечени.
Невремто предизвикало и краткотраен сообраќаен хаос. На повеќе места обилните врнежи предизвикале и помали одрони на земјиштето кои исто така со помош на механизација биле санирани.
