ПОПОСКИ: ВЛАДАТА ЌЕ ОДГОВОРИ ПО ДЕЛ ОД БАРАЊАТА НА ТУРЦИЈА

Сподели

nikola-poposki

Владата одлучи да постапи по дел од барања од Турција, што беа испорачани по неуспешниот воен обид за пуч, изјави министерот за надворешни работи Никола Попоски за радио Слободна Европа. Тој не сакаше да коментира ниту што конкретно побарала Турција ниту какви мерки ќе бидат преземени.

Турската влада по неуспешниот обид за пуч од неколку балкански држави побара да се затворат приватни училишта и невладини организации за кои се сомнева дека се поврзани со движењето на Ѓулен, Хизмет. Такво барање беше доставено и до македонската влада, но до ден денес оттаму не открија кои се точно барањата, нити пак дали дел од нив се веќе исполнети.

Во Македонија, на тапет на Ердоган се најдоа училиштето Јахја Кемал, неделникот „Заман Македонија“, организацијата „Седеф“, агенцијата „Башак“, компанијата „Реинбоу“ и ланецот од маркети ЕВАР.