На 26 и 27 октомври, среда и четврток, во официјална посета на државава ќе пристигне претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен.
Од тие причини СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на град Скопје.
МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.