Посебно признание на медицинската сестра Маја и целиот персонал на Инфективна клиника

Сподели

 

 

Денеска посебно признание и се оддаде на медицинската сестра Маја, која е дежурна во изолација на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состоби давајќи грижа на пациентите со корона вирус, изјави министерот за здравство Венко Филипче.

 

 

Голема благодарност и до целиот персонал, посебно до сите докторки, медицински сестри и директорката Стевановиќ на Клиниката. По повод 8 Март се сретнав со докторката Катерина, се заблагодарив за посветеноста и го честитав празникот на сите жени во тимот кои се грижат за нашето здравје и здравјето на нашите најблиски. Денеска, тие се хероини на денот! Честит 8 Март!