Поскапувањето на струјата ќе ги стемни општините, спас се гледа во Владата

Сподели

 

Владата да ги покрие високите сметки за електрична енергија на општините и да ги запише училиштата и општинските згради како домаќинства, бара ЗЕЛС. Градоначалникот на Ѓорче Петров вели дека ако не им помогнат, општината нема да може да им излезе во пресрет на граѓаните.

Градоначалникот од Центар, пак, е мирен до мај, до тогаш е потпишан договорот за струја. Сите се согласни дека на локалната самоуправа ѝ е потребна поголема децентрализација.