Поставување на заштитна звучна ограда на автопатот А2, делница Скопје -Тетово

Сподели

 

Денеска ќе се започне со градежни активности, пПоставување на заштитна звучна ограда на автопатот А2, делница Скопје -Тетово, од страна на фирмата изведувач ДГПТУ БИТЕМ ДООЕЛ Скопје, согласно склучениот Договор помеѓу договорниот орган Јавно претпријатие за државни патишта и фирмата изведувач ДГПТУ БИТЕМ ДООЕЛ Скопје.

На трасата на која ќе се изведуваат градежните работи ќе има времен режим на сообраќај согласно Одобрението за измена на режимот на сообраќај издадено од страна на Министерство за транспорт и врски, за што на горенаведената локација ќе биде поставена соодветна сообраќајна сигнализација и се препорачува на сите возачи внимателно да се движат почитувајќи ја поставената сигнализација.