Научниците делумно објасниле зошто мал број луѓе се сеќаваат на секој детаљ од својот живот.
Необичната градба на мозокот во делот одговорен за сеќавање е виновен за таканаречената супериорна автобиографска меморија, односно способност да се сеќава на секој ден од животот, соопштија професорите од Универзитетот Калифорнија од Ајрвин.
Истражувачите досега откриле 33 лица со совршена и детална меморија која го осветлува и најмалата ситница од нивниот живот. Било доволно истражувачите само да споменат некој датум и овие 33 испитаници да се сетат кој ден бил во неделата, каде ручале, со кого се сретнале и што се во тоа време се случувало во светот. Научниците за време на последниот експеримент го потврдиле тоа што и претходно го претпоставувале – оти извесни делови од сивата маса кај овие луѓе се поголеми отколку кај поголемиот дел од светската популација.
Медицинските кругови со овој феномен почнаа да се занимаваат дури во 2006-та година. Тогаш професори од споменатиот универзитет соопштија дека им се јавила Американка која им се доверила дека се сеќава на секој детаљ од својата биографија. Најпознатата личност во ова мало друштво на луѓе кои се сеќаваат на сè од своето минато е актерката Мерил Хенер, ѕвездата на американската серија „Такси“, од крајот на осумдесеттите години на минатиот век. Хенер го користи своето сè уште препознатливо лице да го сврти вниманието на јавноста кон овој редок медицински феномен. Учествувајќи во истражувањата и објавувајќи книга на оваа тема, Хенер се надева дека ќе им помогне на лицата со исти способности. Верува дека има уште луѓе кои паметат сè што им се случило, но кои не знаат дека нивниот капацитет на сеќавање има медицински назив и дека е делумно научно објаснет.
Американската актерка вели дека од мали нозе не заборава ништо и оти особено и се допаѓа што е таква. Својата меморија ја споредува со менување на ДВД: само кажете што сакате, година, месец или ден и таа ќе ви раскаже што се нејзе лично и се случило, на нејзините пријатели или на ТВ. Истото важи и за останатите потврдени случаи.
Сепак, нивната способност да се сетат како биле облечени на одреден ден пред 15 години не значи и фантастична меморија. На вообичаените тестови за помнење не покажале натпросечно добри резултати.
Заедничкото на некои од лицата со супериорна автобиографска меморија е тоа што се леваци и имаат навика да собираат многу работи. Во моментов на испитување се наоѓа уште една група, па така што можно е да се зголеми бројот на луѓето со надмоќно сеќавање на својот живот.
Првата личност која им се јавила на истражувачите за помош, за разлика од Мерил Хенер, која ужива во играта со своето минато, анонимната Американка тврди дека сеќавањето на секој детаљ од својот живот ја прави несреќна и ја истоштува.
Луѓето кои помнат сè не умеат да објаснат како тоа им поаѓа од рака, но своите сеќавања ги споредуваат со филм: сликите едноставно течат една по друга.
Добра вест за љубителите на марихуаната?!
Новата анализа на податоци од минатогодишното истражување, кое покажа дека потрошувачката на марихуана предизвикува пад на интелигенцијата, сугерира дека на темел на собраните статистички податоци донесен е погрешен заклучок.
Поточно, првото истражување учествувале неколку илјада луѓе кои се родени во Дунедин, Нов Зеланд. Нивниот коефициент на интелигенција бил измерен кога тие имале 13 и 38 години, а едно од прашањата било и дали во периодот на тестирање консумирале марихуана. Истражувањата покажаа дека оние кои 18 години континуирано марихуана покажуваат пад интелигенција, врз основа на донесувањето на заклучокот дека марихуаната има негативни ефекти врз умот на еден тинејџер.
Сепак, новата анализа на податоците која беше спроведена во Осло покажа дека падот на IQ-то нема врска со пушењето на „трева“. Оле Рогенберг од центарот Ragnar Frisch во Осло тврди дека станува збор за разликите во социоекономскиот статус на испитаниците, а тоа вклучува фактори како што се приходот, образованието и занимањето. Неговото истражување покажа дека токму тие разлики на крајот ги донесуваат истите резултати.
Рогеберг додава дека неговиот алтернативен пристап не е дефинитивно исправен, но додава дека неговите методи треба да се земат во предвид при проучување на резултатите. Авторите на изворното истражување чуле за неговите тестови и открија дека ќе ги земат во предвид, но не се сложуваат со нив.
Од друга страна, научниците кои не биле вклучени во овие две студии се поделени меѓу оние кои тврдат дека истражувањето на Рогенберг е чиста шпекулација и оние кои веруваат дека неговото објаснување е точно.