Потпишана заедничка Декларација од претседатели на Парламентите од Западен Балкан

Сподели

 

Претседателите на парламентите од Западен Балкан заедно со претседателот на Европскиот Парламент, претседателот на португалскиот и претседателот на словенечкиот Парламент, потпишаа заедничка Декларација во која го повикуваат Советот на ЕУ да ги исполни своите ветувања и итно да преземе активности за забрзување на процесот на проширување.

 

 

Во Декларацијата претседателите на парламентите од Западен Балкан на која тие се потпишаа, се вели:

“Ние, претседателите на парламентите на Западен Балкан, заедно со претседателот на Европскиот Парламент и претседателите на Португалскиот и Словенечкиот Парламент, кои го претставуваат сегашното и претстојното претседателство со Советот на Европската унија,

1.Ја потврдуваме централната улога на парламентите во процесот на проширување и се посветуваме на заедничката соработка за понатамошно зајакнување на нејзината парламентарна димензија, вклучително и во поглед на Самитот ЕУ-Западен Балкан во 2021 година.

2.Нагласуваме дека Парламентите треба дополнително да ја унапредат својата улога како инклузивни простори за дијалог и размена на ставови, поттикнувајќи меѓусебно разбирање и помирување на Западен Балкан, со што директно придонесуваат за мирот, стабилноста, напредокот и посилната демократија во регионот.

 

 

3.Се посветуваме на унапредување на култура на меѓупартиски дијалог и консензус во клучните реформски области, вклучувајќи владеење на правото, фундаментални права и зајакнување на демократските институции со цел да напредуваме на нашиот европски пат; ја нагласуваме дека независноста на судството, плурализамот, слободата на медиуми, родовата еднаквост и инклузивниот пристап кон граѓанското општество се суштинските европски вредности кои што треба постојано да се поддржуваат; ја истакнуваме важноста на борбата против дезинформации и лажни вести кои го загрозуваат мирот и заемното разбирање во и меѓу општествата.

4.Ја обновуваме нашата заложба за зајакнување на парламентарната демократија работејќи заедно преку меѓупарламентарни дијалог и користејќи ја поддршката на Европскиот Парламент во областа на медијација и дијалог, градење на парламентарни капацитети, набудување на изборите и активности за човекови права.

5.Изразуваме благодарност за делата на солидарност и соработката помеѓу Европската Унија и Западен Балкан во борбата против пандемијата КОВИД-19 и нејзините последици.

6.Ја поздравуваме досега невидената финансиска поддршка од Европската унија во корист на Западен Балкан, што ги потврдува напорите на Европската унија да придонесе за одржлив развој и долгорочно социо-економско закрепнување на регионот.

7.Ја нагласуваме важноста на функционалната пазарна економија и заедничкиот регионален пазар како камен – темелник на социо-економската отпорност и Европската интеграција на целиот Западен Балкан; ја искажуваме нашата посветеност да го олесниме спроведувањето на Економскиот Инвестиционен План за Западен Балкан на Европската Комисија, како и иницијативите одобрени во Софија, во Ноември 2020 година – основата за Заедничкиот Регионален Пазар, Зелената Агенда за Западен Балкан и зајакнувањето на дигитализацијата, младинската соработка – со цел да се обезбеди одржлив економски развој и да се постигнат Европските стандарди.

8.Ги препознаваме предизвиците кои ги предизвика пандемијата со КОВИД-19 во секојдневното функционирање на Парламентите и ја поздравуваме еластичноста и капацитетот за прилагодување на нашите институции. Подвлекуваме дека најважно е што нашите Парламенти ја сочуваа својата улога во време на пандемија и во времето по пандемијата преку целосно извршување на нивната улога во законодавството, истрага и надзор.

9.Ја нагласуваме важноста од вклучување на претставници на Парламентите, граѓанското општество и граѓаните на Шестката од Западен Балкан на Конференцијата за иднината на Европа.

10.Го повикуваме Советот на Европската унија да ги исполни своите ветувања и итно да преземе одлучни активности за забрзување на процесот на проширување; нагласуваме дека Европска перспектива и процесот на пристапување во ЕУ заснован на заслуги на Западен Балкан остануваат на сопствениот политички, надзорен и економски интерес на ЕУ; потсетуваме дека проширувањето останува повеќе од било кога геостратешка инвестиција во стабилна, силна и обединета Европа.

11.Се обврзуваме да се вклучиме и заедно да работиме во насока на унапредување на законодавството и градење на капацитетите на релевантните комисии за следење на заштитата на животната средина, усогласување на законодавството со ублажувањето и прилагодувањето за климатски промени во согласност со Парискиот договор и Европскиот зелен договор; еднакво да се посветиме на зголемувањето на еластичноста на регионот на Западен Балкан во однос на климатските промени со намалување на штетните практики, спречување на загадувањето и деградација на реките и морињата и спроведувањето на строгите политики за заштита на биодиверзитетот.

12.Ја потврдуваме нашата заложба за одржување на Самити на претседатели на Парламенти на Западен Балкан со претседателот на Европскиот парламент и претседателот на Парламентот – претседавач со Советот на Европската унија во редовни интервали, како форуми за размена и соработка на највисоко парламентарно ниво.”

 

 

Потписници на оваа декларација се Давид Мариа Сасоли, Антонио Филипе, Игор Зорчиќ, во име на Еудуардо Феро, Родригез Рамоз Ручи, Борјана Кришто, Бакир Изетбеговиќ, Глаук Конјуфца, Алекса Бечиќ, Талат Џафери, Ивица Дачиќ.