Повеќе од половина земји-членки на НАТО го ратификуваа протоколот

Сподели

 

Повеќе од половина земји-членки на НАТО го ратификуваа протоколот за пристапување на Македонија кон Алијансата.

Германија е најновата, 16-та земја, од вкупно 29 членки на Организацијата на северноатлантскиот договор, која го ратификуваше протоколот – анекс на оригиналниот Вашингтонски договор со кој во 1949 година е основан воениот сојуз.

Протоколот за пристапување на Македонија на 6 февруари во Брисел, во седиштето на НАТО, го потпишаа амбасадорите на земјите-членки, наместо министрите за внатрешни работи, за да се забрза процедурата за прием, која се очекува целосно да заврши до 70-от, јубилеен Самит на НАТО што во декември ќе се одржи во Лондон.

meta.mk