ПОВИК НА СТУДЕНТСКИ ПЛЕНУМ ЗА РЕШЕНИЕ ЗА ПОКВАЛИТЕТЕН СТАНДАРД НА СТУДЕНТИТЕ

Сподели

studentski-plenum1

Студентскиот пленум по првиот студентски референдум, на кој повеќе од 2600 студенти побараа промени во СПУКМ, сега повикува на отворен пленум на кој ќе се споделат идеи и ќе се осмислува решението за поквалитетно студентско организирање и подобрување на стандардот на студентите.

„Досега слушнавме голема бројка на проблеми со кои студетите секојдневно се соочуваат. Затоа мислиме дека е време да се собереме на едно место и заедно да ги дискутираме и одлучиме за начини за нивно решавање“, велат од Студентскиот пленум.

Отворениот пленум е најавен оваа среда во 18:00 часот пред Платото на УКИМ.

„Кажавме „НЕ“ на корумпираниот систем, но борбата уште трае! Ќе бидат притискани се додека секој студент не спие во нормални услови, додека секој факултет не разбере дека не е ништо без студентите“, порачуваат од Пленумот во најавата за настанот.