Сите оние кои сакаат да им помогнат на семејствата и жителите од најпогодените поплавени подрачја, можат да се приклучат на групата на Фејсбук „Humanitarna pomos za poplavenite semejstva vo Skopje“ и да се координираат со останатите членови од групата кои веќе се вклучени во акцијата.
Како што апелираат од групата, моментално најголема помош би им била физичка сила и работници кои ќе можат да работат на самиот терен во настраданите места за побрзо да се завршат активностите особено затоа што постои опасност од ширење на потенцијални зарази.