Визијата на Ајде Македонија е Македонија без отпад. За реализација на оваа визија, здружението се фокусира на отпадот од храна поради големите можности за заштита на животната средина, поттикнување на економијата и помош за сиромашните.
Во Македонија 445,099 граѓани (21% од популацијата) се борат со сиромаштијата и потребата да си обезбедат храна секој ден. Од друга страна, Македонија фрла 64.000 тони храна од кои 7-10% целосно безбедна за конзумирање.
Затоа, ги повикуваме сите заинтересирани кои сакаат да помогнат во реализација на нашата визија да се пријават за една од двете позиции за волонтирање, односно еден волонтер за едукација на ученици за намалување на отпадот од храна и (1) волонтер за помош во финансиското управување на организацијата.
ПРОФИЛ НА ВОЛОНТЕРИТЕ (2):
- Желба за стекнување нови знаења, сопствен и организациски развој
- Желба за учење на финансиски менаџмент во граѓанска организација или желба за едукација на ученици
- Солидно познавање на англискиот јазик
ОДГОВОРНОСТИ НА ВОЛОНТЕРИТЕ
Волонтер за едукација на ученици за намалување на отпадот од храна
- Помош при креирање содржини за едукација за отпад од храна
- Помош при имплементирање на едукацијата за отпад од храна
- Креирање и имплементирање на дигитални содржини
- Визуелно презентирање на содржини во форма на инфографици и презентации банери
(2) Волонтер за помош во финансиското управување
- Помош при финансиското администрирање и сметководство на проекти
- Помош при подготовка на финансиски извештаи
- Помош при изготовка на буџети и нивно управување
Период на волонтирање: 15 септември – 15 декември
Локација на волонтирање: Канцеларија на Ајде Македонија
Волонтерски ангажман: до 5 работни часови неделно
Волонтерски надомест: Ајде Македонија ќе ги покрие сите неопходни трошоци за волонтерот како храна и пат доколку е потребно
Начин на пријавување: Вашето CV испратете го на kontakt@ajdemakedonija.mk со назнака ПРИЈАВА за ВОЛОНТЕР, најдоцна до 10 септември 2017 год.