ИСТАНБУЛ (АА) – Авионот на „Туркиш ерлајнс“ (THY) што се подготвувал да полета на редовната релација Истанбул – Скопје е повлечен бидејќи настанал дефект на лизгачот за евакуација, јавува Anadolu Agency (AA).
Според добиените информации, во раните утрински часови, на аеродромот „Ататурк“ во Истанбул, во авионот на „Туркиш ерлајнс“ што се подготвувал да полета за Скопје, од сѐ уште непознати причини пукнал лизгачот за евакуација.
Откако ги оставил патниците на терминалот, авионот бил префрлен во хангар за испитување на причините за настанатиот дефект.
Патниците со друг авион на „Туркиш ерлајнс“ ќе патуваат з