Повремени врнежи од дожд, а на планините и повисоките места од снег

Сподели

 

МАКЕДОНИЈА – Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 3 до 8 степени.

 

 

Времето и метеоролошки параметри за Скопје: Облачно, попладне со повремени врнежи од дожд. Во текот на ноќта во делови од котлината ќе има услови врнежите повремено да преминуваат во слаб снег. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер. T= 6 °C, P= 987 hPa, U= 88 %, V= 3 m/s.
(Т- температура, P- притисок, U- релативна влажност, V- средна брзина на ветер).

Утре ќе биде блачно со врнежи од снег, а само во некои пониски места од дожд и снег. Врнежите ќе бидат пообилни во јужните и источните делови. На планините висината на снежната покривка ќе се зголеми, а нова ќе се формира и во некои од пониските места.