Повторно лидерска средба во помал состав за референдумот за името

Сподели

Премиерот Зоран Заев синоќа најави дека за денеска напладне е закажана уште една лидерска средба во помал состав, откако вчерашната лидерска средба во проширен состав ја напушти лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски кој изјави дека не се согласува со таков проширен формат на лидерските средби.

„Сите што останавме на лидерската средба сме за успешен референдум, а однесувањето на Мицкоски демонстрирано во име на ВМРО-ДПМНЕ е несериозно, неодговорно и навредливо кон сите политички субјектки и граѓаните на Македонија”, рече синоќа Заев.

На средбата се разговарало за прашањето на рефередумот „Дали сте за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на Договорот за името меѓу Македонија и Грција“.

„Референдумот треба да биде консултативен, а волјата на граѓаните ќе биде конечна за сите политички чинители“, рече Заев.