Повторно поплавени дворови, подруми и гаражи во Стајковци

Сподели

14199284_1201899883163796_9006597958551488801_n

Жителите на Стајковци се повторно поплавени и на фејсбук групата „Хуманитарна помош за настраданите од поплавите“ бараат помош. Граѓаните велат дека имаат потреба од волонтери кои би помогнале во исцрпувањето на водата од нивните гаражи и дворови.

Според тоа што е напишано во групата, целосно е поплавена и улицата „6“ која се наоѓа на крајот на селото Стајковци, веднаш до обиколницата.

– Дворот на мојата куќа е повторно поплавен и подрумите почнаа да се полнат. Инаку улица „6“ која се наоѓа веднаш до обиколницата е повторно поплавена, а луѓето се во паника. Подрумите и гаражите им се полнат со вода, сите стравуваат водата не им влезе и во домовите. Бараме помош од волонтери кои ќе ни помогнат во исцрпување на водата – напиша Марјан Алек Стевковски.

Од Центарот за управување со кризи велат дека на нивните телефони никој не пријавил дека е поплавен и дека му треба помош.

meta.mk