Повторно приведени Чавков и дел од обвинетите за нападот во Собранието

Сподели

Митко Чавков, поранешниот началник во МВР, Душко Лазаров, поранешниот вработен во собраниското обезбедување Горан Ѓошевски, како и Митко Пешов и Оливер Поповски повторно се вратени во притвор во Истражниот затвор во Шутка.

“Постапувајќи по Решение на основниот суд Скопје 1, пет лица се пренесени во истражниот затвор Скопје“, изјавија од МВР.

Обвинетите според Јавниот обвинител Јовески  го загрозиле уставниот поредок и безбедноста на РМ со акт на насилство, со што создале чувство на несигурност и страв кај граѓаните.