Повторно се активира вулканот Богослоф на Алјаска

Сподели

Вулканот Богослоф во сојузната американска држава Алјаска повторно се активира, јавува Anadolu Agency (AA).

Надлежните од Центарот за следење на вулканите на Алјаска јавија дека во вулканот Богослоф, кој се наоѓа на 368 километри југозападно од градот Енкориџ, одекнала експлозија по која вулканот почна да исфрла пепел во висина од 9,5 километри.

Во регионот е прогласен и највисокиот аларм за опасност за воздушниот сообраќај, со оглед на фактот што вулканот исфрла пепел на висина над шест километри.

Претставници на авиокомпаниите исто така јавија дека пилотите забележале пепел, а облаците од густиот пепел се движеле во правец на езерото Беринг.

Вулканот Богослоф од 16. декември минатата година досега се активирал неколкупати.