Вечерва страотна несреќа се случи во Тетово каде има и жртви во пожарот кој го зафати Ковид центарот, информираат од Министерството за здравство.
Точниот број на лица кои го загубиле животот, повредените и нивната состојба се утврдува во моментов.
Пожарот е веќе изгаснат и сите тимови од болницата се мобилизирани да дадат помош на повредените. Тие итно се транспортираат во Скопје за да им се пружи соодветна нега, тимовите на Клиника се мобилизирани. Министерот за здравство д-р Венко Филипче е во Тетово. По завршениот увид ќе ја информираме јавноста за фактичката состојба.