Воведувањето 9 нови генерики на лекови на примарната позитивна листа по подолг временски период е повод за денешната прес-конференција на министерот за здравство, д-р Арбен Таравари и претставници на комисијата за позитивна листа.
Станува збор за вкупно 87 лека во различни форми, јачини и пакувања, што имаат активна регистрација во нашата земја како од генерички така и од оригинаторни компании.
– Ова е само почеток, процесот за проширување на позитивната листа продолжува и понатаму и во оваа прилика ги повикувам и охрабрувам фармацевтските компании да продолжат со апликациите за ставање нови лекови на позитивната листа, истакна министерот Таравари.