Позитивната онлајн комуникација е многу повеќе од насмеани и весели емотикони – таа е многу повеќе од лајкување и споделување постови на социјалните мрежи. Клучната компонента за сајбер безбедноста е нашето севкупно однесување на интернет. Од содржината што ја споделуваме, преку начинот на којшто комуницираме, до начинот на којшто реагираме на споделената содржина и информации.
Посветувањето внимание на овие аспекти придонесува во процесот на јакнење на нашата безбедност на интернет.
Поттикнати од континуираниот процес на учење и надоградување на знаењата и вештините, особено на полето на сајбер безбедност, тимот на СмартАП -Лабораторија за социјални иновации, во соработка со експерти од областа, го креираше „Тренингот за сајбер безбедност за едукатори“, со цел да се создадат системски решенија и механизми за справување со интернет заканите.
Со цел директно запознавање на едукаторите со содржината на курсот, оваа среда, на 15 мај, со почеток во 18 часот, тимот на СмартАП – Лабораторија за социјални иновации, ќе го одржи вториот ЕДУЛАБ-вебинар Промоција на „Тренинг за сајбер безбедност за едуатори“.
ЕДУЛАБ-вебинар: Промоција на „Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ –
втор дел, Валентина Петрова, предавач
Аспектите на позитивната онлајн комуникација, препозавањето и справувањето со кибер насилство, почитта и толерантното онесување на интернет, критичкото размислување и неговото развивање со цел препознавање лажни информации и онлајн измами се темите што ги опфаќа вториот ЕДУЛАБ-вебинар.
Учеството на вебинарот е бесплатно, со задолжителна регистрација преку следниот линк, а секој учесник на вебинарот ќе се стекне и со сертификат за учество. Работниот јазик на овој вебинар е македонски, со симултано толкување на албански јазик.
Драги едукатори, направете го првиот чекор кон зајакнување на вашите знаења и вештини. Бидете дел од претстојниот вебинар и детално запознајте се со содржинатана курсот кој ќе ви помогне полесно да ги надминете предизвиците на приспособување кон постојаните промени и интернет трендови.
датум: 15.05.2024
време: 18:00 – 19:00 ч.
линк за регистрација преку ZOOM: https://link.innovationlab.mk/qewomvb
Се гледаме на вебинар! Оваа активност се спроведува во рамки на проектот „Тренинг за сајбер
безбедност за едукатори”, имплементиран од страна на СмартАП – Лабораторија за социјални иновации, со финансиска поддршка од Амбасадата на САД.