Пратеничките согласни со Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство

Сподели

 

Пратеничките од Клубот на пратенички и Комисијата за еднакви можности на мажите и жените, јавно изразија согласност со Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство и другите организации во барањето ОЈО да ги земе предвид сите елементи кои укажуваат на ФЕМИЦИД, во грозоморното дело во Кочани и делото да се оквалификува како такво, наместо убиство на свиреп начин.

“Почитувани граѓанки и граѓани, Ние, жените пратенички, од Клубот на пратенички и Комисијата за еднакви можности на мажите и жените, кои едногласно ги подржаваме измените на Кривичниот законик врзани за родово заснованото насилство, ОСТРО и СИЛНО ги осудуваме зачестените случаи не само на свирепо насилство, туку и на фемицид.

Воедно, јавно изразуваме согласност со „Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство“ од страна на ОЈО да се земат во предвид сите елементи кои укажуваат на ФЕМИЦИД, во грозоморното дело во Кочани  и делото да се оквалификува како такво, наместо убиство на свиреп начин.

Повикуваме на итен и ефикасен ангажман на сите органи, организации и субјекти, надлежни за превенција, спречување и санкционирање на родово заснованото насилство, потсетувајќи на заедничката и поделена одговорност за злото со кое се соочуваме! ”