Денеска и утре во Собранието ќе се одржува работилница за пратениците, на која ќе се обучуваат за превенција на корупцијата кај членовите на парламентот, судиите и кај обвинителите, судир на интереси, етички кодекс и за други етички прашања за пратениците, како и за лобирање врз носителите на законодавната власт.
Работилниците ги организира Државната комисија за спречување на корупцијата во партнерство со Сојузното биро за администрација на Германија, како дел од двегодишниот ИПА-проект за збратимување, „Поддршка за ефикасна превенција и борба против корупцијата”.
За реализација на оваа активност е ангажиран Драго Кос, врвен меѓународен експерт за антикорупција.