Пратениците на ВМРО ДПМНЕ се враќаат во Собранието

Сподели

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ се враќаат во Собрание и редовно ќе учествуваат во неговото работење. Одлуката на Централниот комитет на партијата ја соопшти лидерот Христијан Мицкоски

“Првиот чекор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде покренување на прашање за гласање на недоверба на владата, затоа што од она што досега видовме се работи за влада со изгубен кредибилитет, влада која не работи за граѓаните и ја турка државата во амбис. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ  во детали ќе изложат аргументи зошто оваа антинародна и антидржана влада треба што поскоро да замине. Колку побрзо толку подобро за државата. Поразите станаа секојдневие, а голиот популизам нејзино обележје, во реалноста народот живее многу полошо. Оваа криминална влада станува запаметана како најнеспособната досега од осамостојувањето на Република Македонија”, изјави Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ се враќа во Собранието по над три месеци бојкот. Опозициската партија го бојкотираше Собранието поради притворот за шестмина пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата.