Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ ќе учествуваат во претресот на Комисијата за финансирање и буџет

Сподели

 

„Комисијата за финансирање и буџет како што е закажана очекуваме да започна, а во однос на присуството, работата на моите колеги пратеници од ВМРО-ДПМНЕ ние сме подготвени како за општиот претрес така и за амандманите. Во однос на присуството на останатите колеги пратеници ќе мора да ве упатам да прашате кај останатите политички партии во Собранието“, истакна пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“, Марија Петрушевска во „Утрински брифинг“.

Петрушевска додаде дека ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе околу 200 амандмани во однос за Буџетот за 2022 година.

„Околу 223 ќе се поднесат амандмани, од што 194 се на ВМРО-ДПМНЕ, а имаме и амандмани од останатите помали политички партии во рамките на Собранието така да очекувам една убава демократска дебата во периодот кој што претстои во однос на самите амандмани“, појасни Петрушевска.

Петрушевска посочи дека амандманите се насочени кон подобрување на самиот буџет, и истите ќе опфатат сектори кои што се однесуваат како на енергетиката така и на образованието, здравството, капиталните инвестиции, социјала и трудот.

„Сите амандмани се поднесуваат во насока да го подобрат трошењето на буџетот и рационално менаџирање. Во однос на самите амандмани можам да ви кажам дека суштината е насочена во домаќинствата, стопанството, се со цел еден соодветен излез од оваа здравствена, енергетска и економска криза“, нагласи Петрушевска.