„Празнина“ – последна премиера на Струмичкиот театар за годинава  

Сподели

Со вчерашната премиерна изведба на претставата „Празнина“, Народниот театар „Антон Панов“ од Струмица ја спушти завесата на годинашниве нови остварувања. Претставата е работена според драмска предлошка, драматизација, работена по мотиви на издвоени сцени од драмскиот текст „Празно“ од авторката Алис Бирч.

Режијата, сценографијата и изборот на музиката се на Васил Христов, драматизацијата е на Викторија Рангелова и Васил Христов, а костимите се на Розе Трајчевска.

Во „Празнина“ настапуваат Ангелина Тренчева-Ангелова, Коста Ангов, Јасмина Билаловиќ и Ања Митиќ како гостинки, Ванчо Василев, Танкица Стојанова и Игор Тодоров.