Преку електронска пошта во 2025, ќе се иницира постапка пред Уставниот суд

Сподели

Од 1 јануари 2025 година секое физичко и правно лице, преку електронска пошта (e-mail) ќе може да поднесува иницијативи, барања и предлози до Уставниот суд.

Електронското поднесување на поднесоци е овозможено преку интернет страницата на Уставниот суд, односно преку категоријата „Обраќање до Судот”, каде во поткатегоријата „Eлектронско поднесување на поднесоци” се наведени насоки за начинот на електронското поднесување.

Поднесувањето на електронските поднесоци е предвидено со Правилникот за електронско поднесување на поднесоци до Уставниот суд на Република Северна Македонија и истиот е објавен на интернет страницата на Судот.