Преку МКЦ Битола-Македонија се приклучува на глобалното движење за правење добри дела

Сподели

За првпат,  овој месец, преку Младинскиот културен центар Битола, земјава се приклучува кон глобалното движење за правење добри дела, иницијатива која обединува 4.300.000 волонтери, од над 110 држави.

„Ден на добри дела“ ги обединува луѓето низ светот за да прават добро во прилог на другите и на целата планета.
Од 2007 година, милиони луѓе од илјадници бизниси, непрофитни организации, училишта, семејства и индивудуалци учествуваат во правење добри дела преку организација и реализација на волонтерски и хуманитарни акции.

Младински културен центар-Битола (МКЦ-Битола) е една од водечките волонтерски организации во нашата земја што го иницира, координира и организира првиот Ден на добри дела, со различни активности.

Овој Ден ќе биде национална акција во 6 градови со поддршката и соработката со партнерите на МКЦ Битола, АДИ Гостивар, Паблик / Лице в лице – Скопје, Организација на жени на општина Свети Николе, СППМД Кавадарци, Станица ПЕТ Прилеп, Ротари клуб Битола Широк сокак.

Од МКЦ Битола велат дека ова аиницијатива, Ден на добри дела, ја промовира солидарноста и помагањето на ранливи и маргинализирани групи во општеството преку директно вклучување на волонтерите за правење на добро во своите локални заедници.

На акцијата се приклучува и „Лице в лице“, преку своите продавачи и волонтери од редовите на партнерските организации „Порака Неготино“, Волково и Црвениот крст на Град Скопје.

19.04.2024,(час) од 10.30 – 11.30 ч, Градски Парк, Скопје (собир на фонтана, потоа низ Парк и низ центар)

Трговски центар „Ист Гејт“ – во 18 часот