Премиера на претставата „Шемс… не заборавај“ на Турскиот театар

Сподели

На сцената на Театар „Комедија“ вечер (11 септември) во 20:00 часот премиерно ќе биде изведена  претставата на НУ Турски театар „Шемс… не заборавај“ од Озен Јула, во режија на Стеван Бодрожа.

Кореографијата за претставата е на Кренаре Невзати-Кери, костимограф е Раде Василев, а сценографијата ја изработи Тања Жиропаџа.

Играат: Инес Радончиќ, Неат Али, Ерман Шабан, Селпин Керим, Слаѓана Вујошевиќ, Емине Халил и други. Претставата ќе се изведува со титл на македонски јазик.