ИСТАНБУЛ (АА) – Премиерот на Турција, Бинали Јилдирим, оствари средба со претставници на некои странски медиуми од САД, Велика Британија, Германија, Франција, Кина, Јапонија и Катар, јавува Anadolu Agency (AA).
На средбата, која започна со работен појадок во дворот на државната резиденција присутен беше и вицепремиерот Мехмет Шимшек.
На состанокот присуствуваа претставници на АА англиски, АА арапски, Асошиетед прес, АФП, Ројтерс, ДПА, Џиинхуа, Блумберг, Си-Ен-Ен Интернешнал, АРД, Ал Џезира Арапски, Франс 24, ТРТ Свет, Ал Aраби, Вол Стрит Журнал, Њујорк тајмс, Асахи Шимбун, Зи Дојче цајтунг, Ле Фигаро, Дејли Сабах, Хуријет Дејли Њус и Тајмс.