Премиерот на Словачка, Роберт Фицо, е застрелан денеска во Братислава по состанокот на владата.
По истрелите тој паднал на земја, а обезбедувањето го однело во болница. Како што пренесуваат медиумите, тој е хоспитализиран со рани на главата и градниот кош, а напаѓачот е уапсен.
Медиумите јавуваат дека зградата пред која се пукало се евакуира.