Премиерот Оливер Спасовски вечерва на прес-конференција рече дека од утре на сила стапува полициски час од 21 до 06 часот.
“Вечерва на седница на Владата на Република Северна Македонија донесовме одлука за воведување најрадикални мерки со цел да го заштитиме здравјето на граѓаните од коронавирусот.
Од утре започнуваме со ограничување на движењето на сите граѓани (полициски час).
Се забранува движење на населението во периодот од 21 до 06 часот секој ден!
Нема компромис кога е здравјето на граѓаните во прашање, мерките мораме сите да ги почитуваме, само така ќе си ги спасиме народот и државата” – објави премиерот Оливер Спасовски.