Премиерот Заев во прва официјална посета на Косово

Сподели

Премиерот Зоран Заев денеска ќе престојува во еднодневна официјална посета на Косово.

Во рамки на посетата, предвидена е средба на Премиерот Заев со неговиот косовски колега Рамуш Харадинај, по што ќе следи и заедничка прес конференција.

Во текот на денот Премиерот Зоран Заев ќе оствари средба и со претседателот на Косово, Хашим Тачи, како и со претседателот на косовското Собрание, Кадри Весели.

Истиот ден е предвидена и средба на Премиерот Заев со претставници на Македонско – Косовската бизнис заедница.

Делегацијата предводена од Премиерот Зоран Заев ќе ја сочинуваат министерот за економија Крешник Бектеши, министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, министерот за култура Роберт Алаѓозовски, како и министерот без ресор задолжен за дијаспора Едмонд Адеми.

Посетата на Косово на Владината делегација предводена од Премиерот Зоран Заев воедно е и прва официјална посета на премиер на Република Македонија на Република Косово.