Денеска во село Побожје, Скопско, ќе биде донесен препис од чудотворната икона на Пресвета Богородица – Скоропослушница од светогорскиот манастир Дохијар.
Свечениот пречек на иконата ќе биде во 16 часот, пред манастирот „Рождество на Пресвета Богородица“, над селото Побожје. Потоа ќе биде отслужена Воскресна вечерна богослужба, со која ќе началствува Неговото Блаженство Архиепископ Охридски и Македонски г. г. Стефан, во сослужение со свештенослужители на Скопската епархија.
