Препораки и алатки при ограничено движење

Сподели

 

Физичкото дистанцирање се покажува како ефективна мерка во борбата со ширењето на вирусот КОВИД-19. Кај нас, како и во голем број држави во светот, локалните власти го ограничуваат движењето на граѓаните за да го намалат ризикот од изложеност и ширење на зараза. Во овој период е добро да сме свесни дека променетото секојдневие не засега сите. Да се потрудиме заедно да ја надминеме ситуацијата.

Најдобар начин да се справиме со оваа невообичаена и привремена ситуација е да продолжиме да внимаваме на нашето физичко и ментално здравје и да ја зацврстиме грижата за нашите семејства, пријатели и заедница. Во вакви ситуации, доживувањето на вознемиреност, загриженост, страв, замор и нарушено спиење или исхрана се очекувани и нормални реакции.

Со цел да го намалиме степенот на негативните реакции, добро е да си поставиме неколку важни прашања:

  • Кога и колку ќе си дозволам да читам или слушам за актуелната ситуација?
  • Дали информациите што ги читам или слушам се од проверен извор (пр. Информации за КОВИД-19Светска здравствена организација)?
  • Со кој од пријателите или членовите на семејството би сакал/а да поразговарам денес на телефон или интернет?
  • Како ќе ги испланирам работните задачи, домашните обврски и слободните активности за денот и остатокот од неделата?

Подолу може да видите неколку препораки и алатки за активности кои може да ги земете во предвид во периодот на ограничено движење.

АКТИВНОСТИ ЗА РАЗЛИЧНИ ВОЗРАСНИ ГРУПИ:

АКТИВНОСТИ ЗА РОДИТЕЛИ И ДЕЦА:

  • Едуино: едукативна интернет платформа каде може да се користат и преземат материјали, игри и активности за деца на возраст од 3 до 6 години.
  • Отворени образовни ресурси: платформа за наставници со едукативни материјали за деца.
  • Мисли еднакво: програма со сликовници за градинки наменета за развој на емпатија, љубезност, самодоверба, истрајност, критичко размислување, разрешување конфликти, самопочитување, комуникација, самосвест и други вредности.
  • Дружината Мела: сликовници за деца на предучилишна и училишна возраст.
  • Story Weaver: дигитална платформа за приказни за деца со можност за превод.
  • Duolingo: Апликација за учење јазици достапна преку мобилен телефон и компјутер.
  • Age of Learning: интернет портали за писменост и учење математика со внесување на лозинката AOFLUNICEF за бесплатен пристап на следните портали: ABCmouseAdventureAcademyReadingIQ.
    KidSqare: платформа со 40 филмови за деца и адолесценти. Потребно е само да се регистрирате со ваша е-пошта и лозинка веб страната или на Андроид-апликацијата Cinesquare, каде наместо да платите го внесувате кодот: GFF_Kids.
  • Најдете време во денот да им читате на децата. За време на читањето, разговарате со децата за сликите и настаните во книгата, опишувајте ги, предвидувајте што би се случувало во книгата понатаму и разговарајте како некои од ликовите се чувствуваат.
  • Разгледувајте и споделувајте за фотографии. Користете фотографии од албуми или телефони и дозволете на детето да споделува што гледа на сликата, каде и кога е тоа, како и зошто се случува тоа и како се чувствува детето за споделените личности и настани.
  • Учете низ игра во домот. Деца кои имаат некои основи од математика може да имаат мисија низ домот да бројат прозорци, слики, растенија, столици итн. Предизвикајте ги да изградат шатор од ќебе или тврдина од перници или кутии. Учете да цртате или со пластелин да моделирате животни и растенија, учете ги нивните имиња, опишувајте како изгледаат, што јадат, каде живеат итн. Засадете неколку семки во саксија (пр. пченица, грав, грашок) и овозможете му на детето да се грижи за нив, истражувајќи колку вода и светлина им е потребно, како растат, како се јадат итн.
  • Вклучете ги децата при припрема на храна и готвење. Готвењето може да е дополнителна едукативна активност за децата. Разговарајте за начинот на готвење, улогата на квасецот, зачините, состојките, потребните количини, читање рецепти и етикети од производи итн. Доколку возможно, дозволете им на децата да припремаат форми од тесто, да ставаат зачини или на друг начин да се вклучат во готвењето.
  • Цртаните или игрите да бидат награда. Кога родители имаат потреба од време за работа, други обврски или одмор, очекувано е да им се понуди телефон, компјутер или телевизор на децата за игри или цртани филмови. Обидете се да им понудите време за игра или цртан филм како награда кога добро ќе завршат некоја задача од претходно наведените. Може задачата да биде и прво читање на книга или приказна, па потоа гледање на цртаниот филм од истата тема. Побарајте од детето подоцна да ви ги спореди, прераскаже, опише ликовите, да додаде свој крај итн.
  • Организирајте дружење преку телефон или интернет. Некои од горенаведените активности може да ги организирате и преку видео повик или телефонски разговор со врсници на детето. Договорете со други родители термин и задача за онлајн или телефонско дружење. Во тој период, децата може заедно да цртаат, споделуваат за заедничка активност, нешто ново што научиле или еден од родителите да раскажува приказна па потоа заедно да споделувате.