ПРЕС НА КОАЛИЦИЈАТА ЗА ПРОМЕНИ И ПРАВДA

Сподели

15193617_738889529607803_398893516826015963_n

ПРЕС НА КОАЛИЦИЈАТА ЗА ПРОМЕНИ И ПРАВДА ПРЕД ОЈО

ЈОВЕ КЕКЕНОВСКИ – НОСИТЕЛ НА ЛИСТА ВО ИЗБОРНА ЕДИНИЦА БР. 2

jove-kekenovski-448x400
Коалицијата за промени и правда ги потсетува граѓаните на Република Македонија да не подлегнуваат на притисоците од партиските агитатори, а на партиските војници да не си играат со огинот и да не го прекршуваат Изборниот законик. Сите оние кои индивидуално или злосторнички здружени нема да го почитуваат и свесно ќе го прекршат законот треба да знаат дека санкциите за сторените кривични дела во Изборниот законик се ригорозни. Така на пример:
• Спречување на одржување на изборите и гласањето,
• Повреда и злоупотребата на избирачкото право,
• Повреда на слободата на определување на избирачите,
• Поткупот при избори и гласање,
• Повреда на тајноста на гласањето, уништувањето на изборниот материјал, злоупотребата на слобода на гласање и
• Изборната измама
За сите овие кривични дела предвидена е казна од најмалку 3 односно 5 па и повеќе години.
Затоа апелираме до сите граѓани да се придржуваат до законите и да не се обидуваат свесно или не свесно, под наредба или под влијание да ги кршат истите.

ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ – НОСИТЕЛ НА ЛИСТА ВО ИЗБОРНА ЕДИНИЦА БР.1.

pavle_t2
Режимот ќе падне. Тоа е пораката на големиот број стопанственици и граѓани од Скопје. Во разговорите граѓаните искажаа поддршка на Коалицијата за Промени и Правда и подготвеност на 11-ти декември да направат пресврт, гласајќи за кандидатите за пратеници од Коалицијата за Промени и Правда. По разговорите со граѓани во Скопје, Коалицијата за Промени и Правда одржа прес конференција за која, Павле Трајанов, носител на правата изборна единица нагласи: Коалицијата за ПРОМЕНИ и ПРАВДА, го повикува Јавниот обвинител на Република Македонија, по „чуен глас“, за кршење на Изборниот законик, да презема законски мерки за документирање на тие случаи и отвори предистражни постапки. Тој е државен орган, кој по службена должност, ги открива и гони сторителите на кривични дела. На Јавниот обвинител, му се на располагање сите државни институции, вклучително и министерството за внатрешни работи. Пасивниот однос, значи солидарност со владејачките партии, посебно со ВМРО-ДПМНЕ и нивните активисти, кои деновиве како разулавена банда, ги тероризираат и притискаат граѓаните и фирмите да учествуваат на митинзи и да гласат за нив. Според досегашните информации, директори на јавни претпријатија, на основни и средни училишта, раководители во министерства, државни агенции и во други институции, ги уценуваат вработените да присуствуваат на митинзи и да гласат за владејачката партија. Активисти на ВМРО-ДПМНЕ, вршат селекција на влијателни фамилии и поединци, за да преку нив купуваат гласови, потоа им се закануваат на граѓани и фирмите што должат, ако не гласат за нив, дека ќе им пратат извршители, дека на фирмите нема да им биде исплатен долгот за извршени работи од страна на Владата и општините односно не да им го вратат ДДВ и сл. Сакаме да им порачаме на сите кои ги кршат законите, дека режимот ќе падне и за тие злодела ќе одговараат. Ќе одговараат и тие што ги плашат граѓаните дека ВМРО-ДПМНЕ знае кој како ќе гласа, што е нотарна глупост, бидејќи гласањето е тајно. За кршење на изборните правила, предвидени се строги казни вклучително и за повреда на тајноста на гласањето.
СЛОБОДАН БОГОЕВСКИ – НОСИТЕЛ НА ЛИСТА ВО ИЗБOРНА ЕДИНИЦА БР.4

slobodan-bogoevski-1-740x320
Слободан Богоески рече дека сме на лице место на злочинот, каде се потроши над 800 милиони евра за споменици и стиропор згради. За ова мора да се одговара. Стотици милиони евра се украдени преку Проектот „Скопје 2014 година“.