Претседателката на ССК, Арсовска нов почесен конзул на Унгарија

Сподели

 

Владата на седница одржана на 29.12.2020 година, донесе одлука за отворање Почесен конзулат на Република Унгарија во Штип, а Данела Арсовска е нов почесен конзул. Владата го задолжи Министерството за надворешни работи да ја спроведе оваа одлука, а истата стапи на сила наредниот ден од денот на објавувањето во Службен весник односно од 30.12.2020 година.

Арсовска како претседател на Сојузот на стопански комори на Македонија, активно работи на развој на македонската економија на национално и промоција на меѓународно ниво, како и на подобрување на надворешната трговска размена, со цел намалување на трговскиот дефицит и зголемување на економскиот раст. Арсовска пред една година стапи на највисоката позиција во раководството на World Chambers Federation, која раководи со стопанските комори од целиот свет, информација која одекна глобално со оглед на фактот што само 4 жени во светот се носители на таа функција.